|
Во близина на градот Битола, во подножјето на Баба планина, се наоѓа
античкиот град што датира од средината на 4. век пред нашата ера и со
својата убавина и привлечностсведочи ѕа истрајноста и надмоќноста низ
времето - HERACLEA LYNCESTIS.
Градот, основан од Македонскиот Цар Филип II Македонски, во себе носи белези
на еден развиен воено-стратешки центар на цеверозападната граница на
тогашната македонска област Линкесида (денешно Битолско Поле).
Хераклеа, со својата повеќеслојност, сведоци за еден континуиран вековен
исторички и културен развој. Откриените споменици претставуваат доказ дека
градот бил граден, поградуван, рушен и одново граден и наградуван и уште од
неговото настанување во доцната бронзена ера, потоа хеленистичката, римска,
па се до рановизантиската епоха имал статус на град со висок степен на
цивилизација..
Поради својата местоположба, Хераклеа не можела, а да не биде изложувана на
разни влијанија и струи што доаѓале однадвор. Тоа се одразило, како врз
урбаната структура на градот, така и врз стопанска и културната организација
на животот во него. Сместена во плодна рамнина, од север заштитена од
планината Баба и реката Сива вода на југ, Хераклеа опстојала и се развила во
една значајна раскрсница на патот Биа Егнација, кој како воена сообраќајница
ги поврзувала Драч и Босфор, преку Солун на југ и Скупи, преку Стибера и
Стоби на север.
Со
јакнењето на римската власт на овие простори, во периодот на 2. век пне.
кога Македонија станува римска провинција, Хераклеа станува силен економско-
политички центар со свој постојан римски намесник и со своја римска војска.
|
|